Упатство за поднесување данок во УЈП

Martinoski Kristian
3 min readJun 23, 2021

--

После долго пребарување по сајтовите на УЈП, читање на долгите бескорисни пдф упатства, прашување по пријатели успеав да дознаам како е постапката за плаќање данок за интелектуални услуги. Решив да ја документирам па се надевам ќе му помогне на некој.

Disclaimer: Ова не е официјален водич од УЈП и не одговарам во случај на некакви проблеми.

  1. https://e-pdd.ujp.gov.mk/ppf/home.seam
  2. Клик на Е-ППД

3. Внес на лични податоци во Податоци за подносител ➡️ Клик на Сними податоци за подносител

4. Нова Аконтативна пресметка ️

  • Внес на лични податоци
  • Внес на Од датум и До датум (датумот на трансакцијата)
  • Клик на Сними податоци за подносител
  • Клик на Нова Ставка
  • Избор на држава од каде е приливот на средствата: Држава во која е резидент исплатувачот
  • Избор на Вид на доход ➡️ на пр: T1 Доход од работа
  • Избор на Подвид на доход ➡️ на пр: S1.15 Примања по основ на извршени интелектуални услуги
  • Избор на Валута
  • Пополнување на Доход во странска валута (износот од трансакцијата)
  • Клик на Сними ставка
  • Клик на линкот за документи во Прилози
  • Доказ за приход — Образец 743 може да се земе во банка на шалтер
  • Прикачување Доказ за остварен приход во странство
  • Прикачување на Договор со клиентот
  • По успешно прикачување Клик на Назад
  • Клик на Затвори пресметка
  • На вашиот маил е испратен пин код за потврдување на пресметката. Внесете го пин кодот!
  • Клик Назад и проверка на статусот во Листа на пресметки
  • Откако ќе биде проверена сметката од УЈП (обично за неколку денови) поминува од статус За проверка во статус Прифатена.
  • Готовата рекапитулација е пристигната и на вашиот емаил
  • При преглед на Прифатена пресметка клик на Печати рекапитулација
  • Резултира со ПДФ документ во нов таб со податоци за поднесокот и УПЛАТНИЦА на втората страна од документот
  • Уплатницата има фолио број со кој се извршува плаќањето
  • По неколку дена проверка во систем дека статусот се сменил во Платена

--

--

No responses yet